СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Јавниот долг на САД ќе биде двојно поголем од БДП до средината на векот

Јавниот долг на САД ќе се изедначи со вредноста на БДП во 2021 година и ќе биде двојно поголем до средината на векот, процени независниот институт CBO (Congressional Budget Office), истакнувајќи дека тој не ги вклучил во проценките ефектите од предложените стимулации во коронса- кризата.

Оваа година, државниот долг, изразен како удел во БДП, ќе достигне 102 проценти како резултат на високото трошење поврзано со пандемијата на коронавирус, пресметал во четвртокот институтот, во кој работат поранешни вработение централни банки, финансии и конгресни претставници.

Во 2051 година, тој ќе достигне 202 проценти од БДП, пресметаа тие во долгорочните прогнози.

Трошоците значително ќе опаднат во следните 10 години, намалувајќи го буџетскиот дефицит како дел од БДП од 10,3 проценти оваа година на просек од 4,4 проценти во 2022-2031 година, проценува CBO.

Во периодот од 2032 до 2041 година, дефицитот повторно ќе се зголеми, во просек 7,9 проценти и на 11,5 проценти од 2042 до 2051 година, посочува Конгресниот институт, истакнувајќи дека проценките се засноваат на тековните закони.

Проекциите не ги вклучуваат ефектите од законот за стимулации на претседателот Џо Бајден, вреден 1.900 милијарди долари поради корона-кризата, ниту неговите планови да инвестира во инфраструктура, образование и истражување.

Значаен фактор во проценката на CBO за акумулацијата на долг во следните децении е претпоставката дека каматните стапки ќе се зголемат од историски ниски нивоа со закрепнување на економијата од пандемијата.

Според проценките на институтот, приносот на 10-годишните државни обврзници во просек ќе изнесува 1,3 проценти помеѓу 2021 и 2025 година и ќе се искачи на 3,0 проценти од 2026 до 2031 година. До 2051 година тие треба да достигнат 4,9 проценти.

Во последниве недели, приносите на тие обврзници се зголемија во услови на оптимистички очекувања за закрепнување на американската економија и стравувања од пораст на инфлацијата. Тие достигнаа 1,55 проценти во четвртокот, откако останаа под еден процент во поголемиот дел од минатата година, забележува Ројтерс.

Ниските каматни стапки значително ја намалија нето-каматната цена во САД, и покрај зголемувањето на долгот. Најавувајќи го стимулот на Бајден, министерката за финансии Џенет Јелен истакна дека пониските трошоци за камати отвораат фискален простор за поголеми трошоци, особено за програмите што го зголемуваат економскиот раст.

Поврзани вести

Во владата ќе се потпише договор за закуп на земјиште со турската компанија „Пурпласт“

msp-admin

ОКТА доби нов извршен директор

msp-admin

Инвеститор: Заборавете на биткоинот, решението е канабис

Влатко Зорба