СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој е најбогатиот Русин, што работи и зошто Путин го критикуваше?

Рускиот бизнисмен Владимир Потањин (60) од Москва, постави рекорд за богатство во таа земја, меѓу сите руски милијардери.

„Форбс“ пишува дека богатството на Потањин се проценува на 30 милијарди долари, а никој од неговите руски „колеги“ не му е ни блиску. Неговиот раст на богатството е поврзан со порастот на акциите на компанијата „Норникел“.

Цената на акцијата на овој гигант достигна 26.290 рубли (околу 300 евра). Оваа година, Потањин, според Форбс, имал нето вредност од 26,1 милијарди долари, а за само два месеци заработил 6,4 милијарди долари.

Негов долгогодишен деловен партнер беше Михаил Прохоров, сè додека не одлучија да се разделат во 2007 година. Минатата година Путин го критикуваше сопственикот на „Норникел“, во чии рамки работи енергетската компанија Норилск-Таимир.

Критиката следеше поради невнимание и огромно истурање на дизел гориво, што предизвика огромна штета на арктичкиот регион. Наводно, 20.000 тони дизел гориво се излеале во реката Амбарнаја во пролетта 2020 година, од оштетен резервоар во електраната во Норилск, кој се наоѓа на 2.900 км северо-источно од Москва.

Потанњин по професија е економист, тој е оженет со Екатерина Потанњина и има три деца.

Поврзани вести

Светот ја добива најголемата рекламна група

msp-admin

„АстраЗенека“ го продаде својот удел во „Модерна“ за над милијарда долари

Влатко Зорба

Заборавете на TikTok: Оваа апликација е нивен директен ривал, акциите и пораснаа за 200%

Влатко Зорба