Околу 53 милиони работни места во Европската унија ќе бидат роботизирани до 2030 година, што би можело да биде забрзано покрај пандемијата на Ковид-19, а повеќе од 20% од работната сила ќе биде приморaна на стекнување на нови вештини и преквалификација.
Ова се резултати од истражувањето на глобалниот институт MC Kinsey за иднината на трудот во Еврoпа и влијанието на Ковид-19.Во извештајот е наведено дека скоро 59 милиони луѓе во ЕУ, односно 26% од вкупниот број на вработени би можеле во краток рок да се соочат со економските последици на пандемијата и рестриктивните мерки, намалување на работни часови и плати или со привремен или постојан прекин на работниот однос.
Кризата со вирусот има силно вlијание на пазарот на труд на ЕУ, но пандемијата не е единствена причина во промената и обликувањето на иднината на работата во Европа.
Работните места што се загрозени како резултат на пандемијата на вирусoт, како и автоматизацијата, се разликуваат по сектори, но најголем број работни места во ризик се во три области – трговија, производство и угостителство.
Бројот на работоспособно население во Европа ќе се намали за околу 13,5 милиони, или околу 4% до крајот на деценијата, а падот ќе биде особено изразен во Германија со околу четири милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку.
Автоматизацијата и замрзнувањето на одредени економски активности, кои ќе се одвиваат со различна брзина, ќе доведат до намалување на бројот на работни места и забрзување на процесот на создавање нови професии.