СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кражбите на криптовалутите нагло растат

Во првите девет месеци од 2019 година загубите од кражби на криптовалути значително се зголемија во однос на минатата година, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци на „CipherTrace“.

Загубите од криминал со криптовалути се проценуваат на 4,4 милијарди американски долари меѓу јануари и септември. Тоа е два и пол пати повеќе од сумата за цела 2018 година, што е еднаква на 1,7 милијарди долари.

Според експертите на CipherTrace, зголемувањето на загубите од кражби и измами поврзани со криптовалути покажува дека криминалците успешно совладуваат нова сфера на дејност. Голема штета е предизвикана од насочените напади против големи цели. Оваа година има два големи инциденти.

Еден од нив ја искористи шемата за финасиска пирамиди и услугата за размена PlusToken. Корисниците на криптовалутата и клиентите на услугата изгубија 2,9 милијарди долари.

Втората голема измама се однесува на банкротот на канадската берза на криптовалути QuadrigaCX по неочекуваната смрт на нејзиниот 30-годишен ко-основач и извршен директор – единствената личност која ја знаеше лозинката за офлајн портфолиото на берзата. Загубите се проценуваат на 195 милиони долари.

Очигледно, и помалите инциденти се импресивни кога се гледа вкупниот волумен. Но, CipherTrace забележува дека злосторствата вредни помалку од 5 милиони американски долари честопати не се пријавуваат, бидејќи агенциите за спроведување на законот се фокусираат на посериозни закани во деловните активности.

Поврзани вести

Huawei повикува на поблиска соработка во јавниот и приватниот сектор за враќање на довербата во технологијата

Тајно ВИДЕО од состанок на Твитер: Наметнува ли Џек Дорси цензура?

Влатко Зорба

Плаќаат билет и до 25.000 евра за приватен лет

msp-admin