Менхетен го имаше најлошиот мај во изминатата деценија кога станува збор за ново изнајмените станови. Имено, жителите го напуштаат градот, така што индустријата за недвижнини сè уште е под влијание на коронавирусот, се вели во најновиот извештај, цитиран од американските медиуми.
Во мај имаше 62% помалку ново изнајмени станови. Во мај, исто така, имаше најголемо зголемување на ново понудени за изнајмување во последниве скоро четири години, а бројот на понудени станови скокна за 34 проценти на 7.420.
Имаше повеќе испразнети станови во мај отколку во кое било време откако проценителот на недвижностите „Милер Самуел“ започна да собира податоци во 2006 година.
Ова укажува на зголемен притисок врз цените и на оние што изнајмуваат недвижнини, поради умртвеноста на пазарот на недвижности и фактот дека луѓето бегаат од градот. И има знаци дека нема да се подобри ниту во јуни. Според агенцијата за услуги за недвижнини „Урбан Дигс“, во Њујорк биле потпишани само 377 нови договори за закуп – во првата недела од јуни – пад од 67 проценти во однос на истиот период минатата година.
„Бројот на единици достапни за изнајмување продолжува да се зголемува“, велат од „Урбан Дигс“, „посочувајќи дека станарите ќе бидат во подобра позиција да преговараат кога пазарот конечно ќе се отвори“.
Најголемите и поскапи станови се најтешко погодени. Бројот на ново изнајмени трособни апартмани во Менхетен во мај падна за 71 процент. Просечната цена на најскапите 10% од недвижностите падна за една петтина.