СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

И македонските граѓани може да аплицираат за работа на Алјаска

Од 2020 година, и македонските граѓани ќе може да аплицираат за работа на Алјаска. Првата група македонци заминува во јануари 2020 година, а веќе е во тек повикот за пријавување за летна сезона.

Преработка на риба на Алјаска е нова можност за добра и брза заработка за македонските граѓани. Во изминативе неколку години работниот престој на Алјаска стана еден од најпопуларните начини за кратко време да се дојде до добра заработка. За три месеци може да се заработат од 10.000 до 20.000 долари, во зависност од тоа каква е сезоната на улов на риба.

Времетраењето на програмата може да биде од еден до пет месеци (во зимска или летна сезона). Зимската сезона се спроведува од јануари до април, а летната од мај до октомври.

Работењето во овие компании може да биде тешко, но во исто време може да биде уникатно искуство со одлични можности за заработка. Бројот на работни часови во текот на денот или во текот на работната седмица зависи од количината на уловена риба и нејзината достапност за преработка. Ако уловот на риба е задоволителен, можно е да се работи 16 часа на ден.

Овие фабрики ја обработуваат рибата од моментот кога пристигнува во фабриката сè додека не се преработи, без оглед дали е замрзната или конзервирана. Во оваа смисла, учесниците најчесто вршат задачи поврзани со сортирање риби, сечење, чистење, одвојување икра, филетирање, пакување, пренесување на пакувани производи во ладилници, конзервирање и слично.

Сместувањето е обезбедено од страна на работодавачот и е од колективен тип со одделни женски и машки делови во близина на фабриката, а кантина е веднаш до фабриката.

Одредени работодавачи нудат бесплатно сместување и храна. Сепак, максималниот трошок за сместување со обезбедена храна (3 топли оброци и вклучени закуски, кафе и чај) изнесува 15 УСД на ден.

Во зависност од компанијата како и од тоа дали учесникот работел претходно за истата компанија, платата е различна. Минималната плата изнесува $12.18 на час, а прекувремената работа изнесува $18.28 на час. Прекувремената работа се смета секој час изработен по 40 часа во една работна седмица или секој изработен час по 8 часа доколку се гледа на дневна основа.

Важно е да се напомене, дека трошокот за виза и авионски билет е повратен и се исплаќа од страна на работодавачот по пристигнување во САД.
Повеќе од 5.000 луѓе од соседните држави, секоја година одат да работат на Алјаска. За програмата може да се пријават и мажи и жени. И речиси сите повторно конкурираат и се враќаат и следната година.

Оваа програма се спроведува од страна на AmeriQuest. Повеќе информации за програмата се достапни на следниов линк: https://ameriquest.com.mk/programi/h2b/

Повикот за учество во летната сезона трае до 10.01.2020 година. За да се пријавите треба да го пополните формуларот на следниот линк: http://ameriquest.com.mk/h2b-prijava/

За сите кандидати кои ги исполнуваат условите за учество, организирана е презентација за програмата која ќе се одржи во хотел Порта на 11.01.2019 год со почеток во 11.00 часот.

Поврзани вести

Со музика и многу гости Кнауф го прослави јубилејот – 25 години во Македонија

msp-admin

Изолација на Huawei: САД и Велика Британија промовираат јапонска опрема за 5G мрежи

Влатко Зорба

Директорите заработуваат 320 пати пoвеќе од просечниот работник

msp-admin