СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск отпушта 75% од вработените во фабриката во Невада

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ планира да го намали бројот на вработени во фабриката за батерии во Невада за околу 75 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирус, соопшти регионален менаџер.

Овој потег уследи по најавата на нејзиниот јапонски партнер за производство на батерии, Панасоник, дека ќе ја намали работата во фабриката Невада оваа недела, пред да ја затвори на 14 дена, пренесува Ројтерс.

Фабриката произведува електрични мотори и батерии за популарниот автомобил Tesla Model 3.

„Тесла нè извести дека во следните неколку дена во Гигафабриката ќе го намали бројот на вработени во објектот за околу 75 проценти“, напиша Остин Озборн во објавата на веб-страницата на округот Стореј.

Не се дадени дополнителни детали, дури ни колку вработени работат во фабриката. Тесла не одговорил веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Претходно, „Рено Газет журнал“ пишуваше за планираното исклучување на производството во фабриката во Невада, во кое се наведува дека Панасоник има таму околу 3.500 работници, додаде британската агенција.

„Тесла“ минатата недела објави дека привремено ќе го прекине производството во својата фабрика за возила во Сан Франциско од 23 март, како и во нејзината фабрика во Њујорк, каде се прават соларни панели.

Сепак, главниот извршен директор Елон Маск рече дека компанијата ќе го отвори њујоршкиот објект „што е можно поскоро за хуманитарни потреби“ за производство на респиратори за пациенти со коронавирус.

Поврзани вести

Кина во 2028 година ќе биде прва екомонија во светот

msp-admin

Русија постигна договор со ОПЕК за намалување на производството на нафта

msp-admin

Доцнењето на вакцинацијата може да ја чини Европа 100 милијарди евра

Влатко Зорба