Стандард
КОМПАНИИ

Маск понудил да копа тунел под Мајами за 30 милиони долари

Елон Маск му соопштил на градоначалникот на Мајами дека „The Boring Company “ може да ископа тунел два километри под градот за шест месеци за 30 милиони долари, пренесе „Мајами хералд“.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез е воодушевен од понудата, за која зборува во своето видео на Твитер.

„Фокусиран е на обидот да испорача проект кој ќе има максимална корист за нашите жители за најмалку пари“, рече Суарез за Маск во видеото.

Маск на Твитер спомена изградба на тунел во Мајами во средината на јануари, наведувајќи дека разговарал со гувернерот на Флорида за овој потфат, но се очекува Суарез да разговара и со него и со градоначалникот на округот.

„Мислам дека имаме единствена можност да создадеме голем проект, не само за Мајами, туку и за целиот свет“, тврди Суарез.

Но, копањето тунел под Мајами е проблем затоа што градот е изграден на сунѓерест варовник, па затоа цените на претходните понуди за копање беа многу повисоки од оние на Маск.

Покрај варовничката основа, влијанието на порастот на нивото на океанот е исто така проблем, бидејќи Мајами е крајбрежен град.

Поврзани вести

Добивката на саудиски „Арамко“ се преполови во годината на пандемијата

Влатко Зорба

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра која ќе ја забрза економската активност

msp-admin

Русија: Гасоводот до Германија загрозен поради санкциите на САД

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!