Технолошкиот гигант, Microsoft го најави својот план за преземање на ZeniMax Media, компанија во рамки на групацијата Bethesda Softworks, којашто е една од најголемите компании за развој на видео игри.
Компанијата, како што наведува Microsoft во соопштението, е позната по франшизите на видео игрите The Elder Scrolls, Fallout и многу други.
Се очекува Microsoft да ја преземе компанијата, плаќајќи во готовина, а договорот се очекува да биде реализиран до крајот на вториот квартал од следната година. Microfost ќе го зголеми бројот на тимови од 15 на 23 во креативните студија на Bethesda.
Индустријата на видео игри се очекува следната година да генерира приходи од околу 200 милијарди долари.