Благодарение на растот на цените на нафтата, богатството на нафтените милијардери во првиот квартал од оваа година се зголеми за околу 10 проценти во споредба со истиот период минатата година.
На почетокот на 2021 година, енергетските магнати заработија вкупно 51 милијарда американски долари повеќе отколку во истиот период минатата година.
Според индексот на милијардери на Блумберг, најголем победник во овој сектор е индискиот милијардер Гаутам Адани кој инвестира во пристаништа, берзи и енергија. Во првиот квартал од оваа година, неговото богатство изнесуваше 57,1 милијарди долари, што е двојно повеќе од истиот квартал минатата година, сподели „Инвеститор“.
Опоравувањето на енергетскиот пазар му донесе големо зголемување на приходот на американскиот нафташ Харолд Хам. На крајот на минатата недела, неговата нето вредност беше поголема за 3,3 милијарди долари отколку во истиот период минатата година и изнесуваше 8,4 милијарди долари.