СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогатиот човек во Чешка загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска

Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келнер, сопственик на „Теленор“, загина во пад на хеликоптер на Алјаска, соопшти денеска неговата финансиска групација ППФ.

Американските власти претходно објавија дека најмалку пет лица загинале, а едно е повредено при пад на хеликоптер на Алјаска.

Федералната управа за воздухопловство на САД објави дека околностите поради кои се урнал хеликоптерот во саботата во 18.35 часот по локално време, сè уште не се познати.

Келнер имаше 56 години. Во 2018 година, неговата компанија ППФ стана сопственик на телекомуникациските компании на Теленор во регионот на Централна и Источна Европа.

ППФ плати 2,8 милијарди евра за компании во Унгарија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Тој беше водечка деловна фигура во посткомунистичката Чешка, а неговото богатство „Форбс“ го процени на 17,5 милијарди долари.

Поврзани вести

Вредноста на компанијата скокна за 50 отсто, Џек Ма продаде акции и го намали уделот

msp-admin

По протерувањето на Карлос Гон – Нисан и Рено се соочуваат со крах на берзата

msp-admin

БИЗНИС ТРАНСАКЦИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА ВО ХРВАТСКА: „Фортенова“ го продаде „Ледо“ за 615 милиони евра

Влатко Зорба