СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нов германски данок може да ги намали емисиите на јаглерод за 740.000 тони

Нов германски данок на јаглерод може да ги намали емисиите на јаглерод од моторите на автомобили за најмалку 740.000 тони годишно, бидејќи тоа би значело поскап бензин, намалувајќи го стимулот за возење, покажа истражувањето на институтот RWI.

Научниците од RWI ги прегледаа податоците за мобилност во период од 15 години и открија дека километражата паднала и луѓето генерално користеле автомобили помалку кога пораснале цените на бензинот.

Од 1 јануари годинава, еден тон јаглерод емитиран од согорување на фосилни горива чини 25 евра во Германија, што значи поскап бензин и веројатно промена на однесувањето на возачите, забележува институтот.

Промената ќе значи пад на емисиите на јаглерод од автомобилите за 740 илјади тони годишно. Тоа одговара на 0,8 проценти од вкупните емисии на автомобили и е еквивалентно на трајно исклучување на 360,000 возила од сообраќајот, откри RWI.

Од 2025 година, данокот на јаглерод ќе се зголеми на 55 евра по тон, што треба да ги намали емисиите за 1,62 милијарди тони јаглерод. Тоа одговара на 1,7 проценти од вкупните емисии на јаглерод и е еквивалентно на трајно исклучување на 790,000 возила од сообраќајот, пресметаа тие.

За разлика од возачите на бензин, возачите на дизел не го сменија значително своето однесување по промената на цената, можеби затоа што тие често ги користат за деловни цели и не се грижат за цената, шпекулира институтот.

Поврзани вести

Џонсон сака да ја намали улогата на Huawei во британската 5G мрежа

msp-admin

VW планира 6 фабрики за производство на батерии во Европа до 2030 година

Влатко Зорба

Авиокомпаниите, кои најмногу летаат во Европа

msp-admin