СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Нова помош на ММФ за 55 НАЈРАНЛИВИ економии во развој

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира нов фонд „Отпорност и одржливост“ денеска доби меѓународна поддршка пред претстојните клучни состаноци. Тој треба да ја прошири поддршката за десетици ранливи земји,

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева предложи да им се овозможи на богатите земји да ги насочат своите нови резерви на ММФ кон сиромашните и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од ковид-19 или климатските промени, пишува Ројтерс.

„Тоа е нешто што ние дефинитивно го поддржуваме“, рече Ларс Јенсен, виш економист во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и автор на новиот извештај за тоа како треба да се канализираат новите средства за ММФ.

УНДП проценува дека програмата на ММФ за намалување на сиромаштијата и доверба за раст (PRGT), која се очекува да има клучна улога во доброволното прераспределување на Специјалните права на повлекување (SDR), опфаќа само 55 најранливи економии во развој во светот одвкупно 82.

Само Групата седум богати земји (Г7) ќе добие 283 милијарди долари од вкупно 650 милијарди долари SDR. Сите земји со високи примања ќе добијат 438 милијарди долари, додека 75 најсиромашни земји ќе добијат 62 милијарди долари.

Поради кризата со короната, 47 од 82 ранливи земји се очекува да останат со бруто долгови над нивото што се смета за одржливо.

Исто така, девет од 10-те најранливи земји кон климатските промени се истовремено многу ранливи економии во развој.

„Како можна развојна цел за канализирање на SDR во ранливи земји, би било природно климата да биде приоритет поради нејзините глобални импликации“, рече Јенсен, додавајќи дека фондот може дури и да се зголеми преку позајмување на пазарите на долгови.

Лидерите на Г7 веќе поддржаа прераспределба на 100 милијарди долари нови пари од SDR.

Георгиева изјави дека Кина изразила интерес за учество во програмата и дека очекува и другите големи економии во развој да го сторат истото.

Извршниот одбор на ММФ ќе се состане утре за да разговара за следните чекори, а финансиските претставници од Г20 водечки економии во светот ќе разговараат за прашањето за прераспределба на SDR на состанокот во Венеција во јули, според британската агенција.

Поврзани вести

Гигафабриката на Тесла ја зголеми цената на литиумот

Влатко Зорба

ОИЕ ги намалуваат емисиите, но создаваат и проблеми со животната средина

Влатко Зорба

Како да се реши проблемот со отпадот во општините?

msp-admin