Природниот гас ќе биде доминантно фосилно гориво во 2050 година, иако врвот на употребата на овој извор на енергија ќе биде веќе во 2025 година, според проекциите на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA).
Според овие проценки, потрошувачката на фосилни горива треба да се намали за повеќе од 75 проценти до средината на овој век, а нафтата и гасот уште порано, што е предуслов за ограничување на растот на температурата на земјата на 1,5 степени Целзиусови, според Парискиот договор за клима.
IRENA нагласува дека капацитетите за производство на енергија од обновливи извори ќе треба да се зголемат за повеќе од десет пати до 2050 година, додека електрификацијата на сообраќајот ќе треба да се зголеми за 30 пати.
Исто така, предвидува драматично зголемување на производството и потрошувачката на „зелен“ водород, гориво без јаглерод, што се добива со електролиза која користи електрична енергија добиена од ветер и соларна енергија.
Проценките велат дека до 2050 година, 30 проценти од електричната енергија ќе се троши за производство на „зелен“ водород и водород и неговите деривати, како што се е-амонијак и е-метанол, се наведува во извештајот.
За да се постигне тоа, глобалните капацитети на електролизатори треба да се зголемат од сегашните 0,3 на скоро 5.000 гигавати, според IRENA.
Од друга страна, владите сè уште имаат можност да ги искористат огромните стимулативни пакети за обновување на постпандемијата, кои досега во голема мера ги фаворизираа фосилните горива и со тоа ја забрзуваа енергетската транзиција, се вели во извештајот
Најголемите светски економии објавија економски стимулативни пакети со кои директно ќе се инвестираат 4,6 трилиони американски долари во „сектори поврзани со јаглеродот“, како што се земјоделството, индустријата, управувањето со отпадот, енергијата и транспортот.
Помалку од 1,8 трилиони долари се наменети за зелени инвестиции, предупредува IRENA.
До средината на овој век тие инвестиции треба да се зголемат за скоро третина, на 131 илјади долари, за да се постигнат поставените климатски цели, се наведува во извештајот на IRENA. Како што се додава, тоа значи просечно околу 4,4 трилиони долари инвестиции годишно.
IRENA предупредува дека јазот помеѓу нашата сегашна позиција и онаа во која треба да се најдеме не се стеснува, туку се продлабочува и затоа е потребно драстично да се забрза енергетската транзиција.
Се проценува дека инвестициите во зелена енергија создаваат скоро три пати повеќе работни места на вложени милион долари отколку фосилни горива.