СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОКТА доби нов извршен директор

Компанијата за трговија, снабдување и за дистрибуција на нафтени деривати ОКТА денеска доби нов извршен директор.

Досегашниот ЦЕО и извршен член на Одборот на директори, Јанис Геруланос, кој поднесе оставка, ќе биде заменет од Вук Радовиќ на двете позиции.

ОКТА е најголем снабдувач со нафтени деривати во Македонија, која покрива 65% од потребите на пазарот преку мрежа од 27 брендирани бензински пумпи.

Радовиќ е дел од Хеленик Петролеум Групацијата од 2004 година и за овој период има работено на повеќе раководни позиции во ЕКО Србија и во ЈУГОПЕТРОЛ во Црна Гора. Тој е добар познавач на состојбите на македонскиот пазар, со оглед на тоа што во периодот од 2013 до 2016 година работеше како директор за снабдување и трговија во ОКТА.

Радовиќ го наследува Јанис Геруланос кој ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА во изминатите пет години.

Поврзани вести

Осигурителен пазар – каде се наоѓа Македонија во однос на регионот?

msp-admin

Колемишевски: Процесот на добивање на картичката „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација

msp-admin

Со добивка од 80 милиони евра, ЕСМ ќе развива проекти кои ќе придонесат кон подобрување на животната средина

msp-admin