СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Pinterest стана трета социјална мрежа по големина во САД

Pinterest го надмина Snapchat и стана трет по големина социјален медиум во САД, според новиот извештај на eMarketer. По веста, акциите на компанијата пораснаа за 12%, пренесува Business Insider.

Во извештајот се сигнализира дека има промени во пазарот и дека Snapchat, кој е во сопственост на Snap Inc. започна да ја губи својата моќ меѓу „милениумите“. Бројот на месечни корисници на Pinterest се зголеми на 82,4 милиони во 2019 година, што претставува зголемување од 9,1% во однос на минатата година, и така го помина Snapchat со 80,2 милиони корисници. Pinterest се најде на третото место по Instagram, а прв е Facebook, кој е најпопуларен социјален медиум во САД за минатата година.

„Додека Snapchat има претежно млада публика на која се потпира, Pinterest има универзална привлечност и забележа значителни придобивки во широк спектар на возрасни групи“, рече аналитичарот на eMarketer, Назмул Ислам.

Сепак, извештајот не вклучува број на корисници на кинески TikTok, кој ужива голема популарност кај младите во текот на изминатата година. Во декември, CNBC ја наведе проценката на App Annie дека TikTok има 625 милиони месечно корисници на глобално ниво, но не е јасно колку се точно тие во САД.

Според eMarketer, Pinterest ќе остане пред Snapchat во наредните години. Но, ако TikTok продолжи да се развива со иста брзина, и двете апликации може да бидат пред нивниот кинески ривал.

Што се однесува до акциите на Snap, тие останаа на истите вредности по објавувањето на извештајот. По редизајнирањето на апликацијата во 2018 година, што првично предизвика негативни реакции кај корисниците, Snapchat може да се врати во 2019 година благодарение на своите популарни додадени филтри за реалност.

 

Поврзани вести

Голем успех и пет златни медали за Винарија Камник од германскиот Мундус Вини

msp-admin

Шајноски: Препораката на АСО за неисплатување дивиденда не треба да се толкува како забрана

Влатко Зорба

Македонија чува злато вредно 355 милиони евра

Влатко Зорба