СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Податоците од пазарот на трудот во САД го притиснаа доларот

Доларот ослабе на меѓународните пазари на валути во петокот, откако последните податоци покажаа мало зголемување на бројот на невработени во САД, што го сигнализира макотрпното закрепнување на најголемата светска економија од корона-кризата.

Еврото зајакна 0,4 проценти во однос на доларот и се тргуваше за 1,2134 $.

Исто така, зелената банкнота ослабе во однос на јенот, за 0,3 проценти, „лизгајќи“ се на 105,39 јени.

Индексот на доларот во однос на кошницата на уште шест клучни светски валути падна за истиот процент, откако падна на 90.309 поени.

Доларот беше поддржан од охрабрувачки економски вести оваа недела, вклучително и раст на индустриската активност на државата Њујорк и пораст на индексот на инфлацијата на производителите, според извештајот на њујоршкиот огранок на Федералните резерви на САД.

Министерството за труд ја прекина серијата во четвртокот со извештај кој покажа дека 861.000 Американци аплицирале за бенефиции за невработеност минатата недела, нешто повеќе од претходната недела.

Затоа, аналитичарите проценуваат дека ФЕД многу внимателно ќе формулира пораки за постепено укинување на монетарниот стимул во иднина.

„Ние продолжуваме да веруваме дека ФЕД ќе биде доследен и претпазлив кога станува збор за намалување на набавките на средства. Веруваме дека ќе продолжи да кажува дека нема да ја заостри монетарната политика за многу долго време, што треба да ја ослаби склоноста кон доларот“, велат во UBS Global Wealth Management.

Доларот изгуби скоро 7% минатата година, еврото зајакна за повеќе од 9 отсто

Меѓу другите валути, австралискиот долар се истакна денес, зајакнувајќи 0,8 проценти во однос на американската, достигнувајќи 78,4 американски центи, највисоко ниво од март 2018 година, управувано од зголемувањето на цените на стоките неодамна, заедно со подобрените изгледи за раст на глобалниот економски план.

Фунтата, пак, го надмина нивото од 1,4 долари, поттикнато од агресивната вакцинација на британските граѓани против Ковид-19.

Биткоинот скокна денес на ново рекордно ниво од 53.687 долари и со тоа крипто-средството надмина пазарна-капитализација од 1 трилион долари.

Поврзани вести

Apple казнети со 1,1 милијарди долари во Франција

msp-admin

Кина ги шокира младите гејмери ​​со нов закон

msp-admin

Клучните карактеристики на успешните, според шефот на најголемата банка во САД

msp-admin