СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Поевтинуваат бензините од половина до еден денар

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра
лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Поврзани вести

Просечна цена на квадрат на црногорско приморје е 1.359 евра

Влатко Зорба

„Твитер“ заинтересиран за купување на „ТикТок“

msp-admin

Daymak го најавува Spiritus EV, најбрзото електрично возило на три тркала со вртоглаво забрзување (ВИДЕО)

Влатко Зорба