СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од 500 предлози за новата црногорска авиокомпанија

Повеќе од 500 предлози со име, лого и дизајн за новата авиокомпанија, објави црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ на својот официјален профил на Твитер и им се заблагодари на граѓаните за „вербата во нов почеток“.

„Очекувам нови предлози, ви благодарам на сите, ви благодарам што верувавте во нов почеток, не само за нашите нови авиокомпании“, напиша Спајиќ.

Одлуката за основање на новата национална авиокомпанија на Црна Гора, „ToMontenegro“, беше објавена во Службен весник на таа земја на последниот ден од 2020 година, а одлуката за создавање на таа компанија беше донесена по затворањето на „Монтенегро Ерлајнс“.

Претходно, Спајиќ на Твитер објави дека одлуката за името на компанијата не е конечна и ги повика граѓаните да испраќаат предлози за името, логото и други предлози за визуелниот идентитет на новата национална авиокомпанија.

Капиталот на компанијата „ToMontenegro“ е 30 милиони евра, а сопственик на 100% е државата Црна Гора.

Поврзани вести

Новите податоци охрабруваат: Економијата на ЕУ закрепнува побрзо отколку што се очекуваше

Влатко Зорба

Приходот на банкарскиот систем во Словенија бил 450 милиони евра за минатата година

Влатко Зорба

Арсовска: Големиот пласман на македонските производи ќе го помогне економскиот раст

Берта Китинска