СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повлекувањето на Безос е знак на важна промена во Amazon

Повлекувањето на Џеф Безос од позиција извршен директор на Amazon вчера најави премин на корпорацијата од трговец на мало во технолошка компанија, коментираат аналитичарите на GlobalData.

„Одлуката на Amazon да ја предаде на Енди Џеси, шеф на Амазон веб-услуги (AWS), работата за замена на Џеф Безос како главен извшрен директор, го комплетира преминот на Amazon од трговец на мало во технолошка компанија“, рече Дејвид Бикнел, извршен директор.аналитичар во тематскиот тим на GlobalData.

AWS е клучен за деловната активност на Amazon, сочинувајќи 52% од кварталниот оперативен профит на компанијата, при само 12% од вкупната продажба. AWS ќе продолжи да биде моторот на растот на Amazon и неговата најважна алка во наредните години, предвидува Бикнел.

Технологијата е во срцето на работењето на Amazon, а нејзиниот успех го одредува нејзината моќ во клучните теми во технолошкиот, медиумскиот и телекомуникацискиот сектор (ТМТ), вклучувајќи облак, вештачка интелигенција (ВИ) и иднината на работата, смета аналитичарот.

„Amazon заработува пет од пет во облакот, ВИ и иднината на перформансите на GlobalData, што покажува дека позиционирањето на компанијата во овие теми значително ќе ги подобри нејзините идни перформанси“, рече Бикнел.

GlobalData, исто така, го рангира Amazon број еден според апликативниот софтвер и перформансите на ИТ инфраструктурата, втор по Microsoft во облачни услуги и по Apple во потрошувачка електроника.

Поврзани вести

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

msp-admin

Средната класа се намалила за 90 милиони луѓе

Влатко Зорба

Се подготвува нов закон за работни односи – ќе се решат ли фиктивните откази?

msp-admin