15.8 C
Скопје
26 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија е подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет

Исклучувањето на Русија од глобалната мрежа е можно, но властите имаат план за акција во тој случај, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, во интервју за руските медиуми. Медведев објасни дека Русија е легално и технолошки подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет, но дека засега нема знаци дека тоа може да се случи.

„Се е технолошки подготвено за тоа. На законодавно ниво, донесени се и сите одлуки, но ова не е едноставно и јас навистина не би го сакал тоа. Искрено, сè уште не гледам знаци на такво нешто, бидејќи, од очигледни причини, станува збор за меч со две острици“, рече поранешниот руски премиер, цитиран од Спутник.

Системот за финансиски пораки (SPFS) е создаден како одговор на ризиците од можно исклучување на руските банки од системот „SWIFT“. Повеќе од 11 илјади најголеми организации во скоро сите земји во светот се поврзани со неа. Постојат редовни извештаи во печатот дека Русија може да биде исклучена од тој систем како една од мерките за построги западни санкции.

Поврзани вести

Amazon во најголемиот проект за обновлива енергија

Влатко Зорба

Huawei го објави техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа

Влатко Зорба

Како земјите во светот ги третираат фриленсерите?

msp-admin