СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД по 2020 година: Короната ги „изеде“ финансиите на граѓаните, Волстрит доби 56 нови милијардери

Кога зачекоривме во 2021 година, барем се надмина „психолошкиот праг“, со мислата дека ќе оставиме зад себе една тешка, напната и неизвесна година, во секоја смисла.

За огромен број луѓе ширум светот, минатата година беше поразителна. Можеби најтурбулентно беше во САД. Тие доживеаја силна здравствена и економска криза, додека нов претседател беше избран пред крајот на годината.

Милиони луѓе останаа без работа со месеци, некои компании мораа да стават клуч на брава дури и откако им беше дозволено повторно да работат, но истата година – 2020-та, беше плодна за Волстрит.

Имено, њујоршката берза од почетокот на пандемијата доби дури 56 нови милијардери. Тоа, поточно, се случи од средината на март до 22 декември 2020 година, а сега на Волстрит има 659 луѓе со „девет нули“ на своите сметки.

Нивното комбинирано богатство е зголемено за повеќе од трилион долари од почетокот на ширењето на Ковид-19, пренесе NBC News. Ова го покажува декемврискиот извештај на кој работеа Институтот за политички студии и организацијата „Американците за даночна правда“.

„Форбс“ ги собра овие информации и објави дека милијардерите од Волстрит во моментов поседуваат богатство вредно 4 трилиони долари, што е приближно – двојно повеќе од она што го поседуваат 165 милиони најсиромашни Американци.

Десетте најбогати милијардери имаат заедничко богатство од над трилион долари. Постојат познати имиња како Џеф Безос (Амазон), Бил Гејтс (Мајкрософт), Елон Маск (Тесла и Спејс Икс), но и Кание Вест и Тајлер Пери. Повеќето од новите милијардери се луѓе чие богатство стои зад бизнисот со берзи, како што е случајот со Мекензи Скот.

Поранешната сопруга на Безос, која годинава донираше милијарди долари во добротворни организации, го „заработи“ своето богатство по разводот, но и благодарение на берзата.

Клучен двигател за зголемување на нивното богатство беше невообичаениот одговор на монетарната политика на стабилизацијата на финансиските пазари во раните денови на пандемијата, што го зголеми растот на берзата.

Кога Волстрит се најде на работ на хаос во март, Федералните резерви интервенираа – ветувајќи ниски стапки и одржувајќи ликвидност.

Пандемијата на коронавирусот дополнително ја потенцираше економската и социјална нееднаквост во Соединетите Американски Држави, а како што понатаму пишува Ен-Би-Си, комбинацијата на „лесни“ пари и ненадејни промени во економската активност – им даде неочекуван „ветер во грбот“ на технолошките компании.

Поврзани вести

„Светот се оддалечува од сценариото за нова Студена војна“

msp-admin

Кинески аеродром стана НАЈПРОМЕТЕН во светот за време на пандемијата

Влатко Зорба

И македонските граѓани може да аплицираат за работа на Алјаска

msp-admin