СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Саудиска Арабија го изненади нафтениот пазар со големо еднострано намалување на производството

Саудиска Арабија ќе изврши доброволно намалување на производството на нафта во февруари и март, како дел од договорот за убедување на повеќето производители на ОПЕК + да го задржат производството стабилно, поради стравувањата дека новите блокади заради коронавирусот ќе предизвикаат удар на побарувачката, пренесе Ројтерс.

Два извори на ОПЕК + соопштија дека Саудиска Арабија ќе го намали производството за повеќе од 400.000 барели на ден во наредните два месеци, заедно со нејзините постојни ограничувања.

Две земји произведувачи, Русија и Казахстан, ќе можат да го зголемат производството за вкупно 75.000 барели дневно во февруари и за други 75.000 барели дневно во март, рече казахстанскиот министер за енергетика.

Останатите земји на ОПЕК + ќе го задржат производството непроменето, т.е. вкупните намалувања на картелот ќе бидат околу 7,05 милиони барели на ден до март, без дополнителни доброволни кратења планирани од Саудиска Арабија, според нацрт-изјавата што ја видел Ројтерс.

Невообичаено сложената зделка на ОПЕК +, која ги обединува земјите производители на ОПЕК и другите, вклучително и Русија, предизвика спор за кој требаше втор ден преговори. Русија и Казахстан побараа картелот да го зголеми производството за 500.000 барели на ден, додека други не сакаа да има зголемување.

Интерниот документ на ОПЕК + од 4 јануари, виден од Ројтерс, ги потенцира ризиците и нагласува дека „повторното воведување мерки за ограничување на ширењето на КОВИД-19 на различни континенти, вклучително и целосни блокади, го поткопува скокот на побарувачката на нафта во 2021 година“.

Саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман повика на претпазливост во понеделникот, истакнувајќи ја се уште кревката побарувачка на нафта и непредвидливите последици од новите видови на коронавирус. Тие најпрво беа пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, а потоа се најдоа во земјите ширум светот.

Земјите-производители на ОПЕК + го ограничуваат производството за да ги поддржат цените и да ја намалат прекумерната понуда од јануари 2017 година.
Бидејќи КОВИД-19 ја наруши побарувачката на бензин и керозин и ја намали цената на видот „Брент“, ОПЕК + беше принуден да ги зголеми намалувањата на производството на рекордни 9,7 милиони барели дневно во средината на 2020 година.

Овој месец, „Брент“ ја премина границата од 50 американски долари за барел, а ОПЕК + го зголеми производството за 500.000 барели дневно, намалувајќи на 7,2 милиони барели дневно.

Поврзани вести

Вработените во Google тајно формираа синдикат

Влатко Зорба

Милионери протестираа пред куќата на Безос: „Сакаме повеќе даноци“!

Карипските земји продаваат државјанство со попуст

msp-admin