Европскиот пазар игра клучна улога во глобалната индустрија за мебел. Европа е втор по големина регион во светот за производство на мебел и е дом на некои од најголемите и најважните компании во светот.
Германија, Италија и Полска се главните земји кои извезуваат мебел на глобално ниво. Европа има долга историја на производство на мебел, а исто така е светски лидер во премиум сегментот на пазарот за мебел, пишува „Пословни дневник“.
Пазарот на мебел е поделен на седум главни сегменти: мебел за дневна и трпезарија, мебел за спални, кујнски мебел, пластични и други видови мебел, канцелариски и трговски мебел, осветлување и ламби и подни облоги.
Поради зголемувањето на животниот стандард и поголемите приходи, потрошувачите почесто го менуваат својот мебел. Се проценува дека вредноста на пазарот на мебел во ЕУ во 2020 година е околу 96 милијарди евра, со пазарен удел од околу 20 проценти од вкупната пазарна вредност на индустријата за мебел во светот.