СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Словенија: 14.419 лица аплицирале во заводот за вработување во април

Според најновите податоци, бројот на невработени регистрирани во заводот за вработување во Словенија е зголемен за скоро 20% на годишно ниво, што првенствено се припишува на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пишува порталот SEEbiz.

На крајот на април биле регистрирани 88.648 невработени лица во канцелариите за вработување, што е за 10.793 лица повеќе отколку во истиот месец минатата година, односно зголемување на бројот на невработени за 19,9 проценти, објави во средата словенечката служба за вработување.

Ваквиот пад на вработеноста првенствено се објаснува со забавувањето на економската активност, бидејќи епидемијата стави барем една третина од производствените и услужните активности на мирување, што доведе до отпуштања од работа, а немаше никаква побарувачка за работници што веќе се пријавени во бирото.

Во април, 14.419 лица аплицирале во заводот за вработување, 84 проценти повеќе отколку во март, а дури 190 проценти повеќе отколку во април минатата година.

Бројот на работници кои ги загубија своите работни места во април како постојани технолошки вишок беше зголемен за 130 проценти од март. Повеќето од нив беа вработени во угостителската и туристичката индустрија, а потоа следат работниците вработени во индустријата и трговијата.

Поврзани вести

Ко-основачот на Xiaomi ја напушти компанијата

msp-admin

По 5 децении во ГТЦ, Стопанска банка АД Скопје ја сели дирекцијата во луксузниот објект на Азманов?

msp-admin

Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

Влатко Зорба