СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Со ширењето на вакцинацијата, се намалува бројот на ковид-милијардери

Пандемијата донесе со себе невидени можности за збогатување. Сега тие богатства се трошат и се губат со голема брзина, пренесе Блумберг.

Пандемијата на коронавирус откри бројни неуспеси во светската економија, неуспеси на владите и меѓународните институции да обезбедат и подготват во случај на глобална пандемија. Бројни компании ја пополнија оваа празнина, рапидно развивајќи нови технологии или прилагодувајќи се на новите потреби и вонредни околности.

Сега, кога овие околности полека се смируваат и кога пазарот се обидува да се преориентира, да ги намали сметките и да предвиди понатамошни движења, излегува дека додадената вредност генерирана од овие компании не е долготрајна.

Добар пример за ова е Seegene, Inc. што произведува тестови за Ковид. Seegene го разви својот тест кон крајот на јануари минатата година и вредноста на компанијата скокна за неверојатни 919 проценти при најголема побарувачка. Кога падна побарувачката, падна и вредноста на компанијата, а богатството на основачите падна од 1,6 милијарди на околу 800 милиони долари.

Слично е и со малезискиот производител на ракавици Top Glove Corp. – кога пазарот сфати дека тие ќе бидат помалку потребни отколку среде пандемијата, започна обложувањето против компанијата и следеше пад од над 40 проценти на цената на акцијата, што избриша 9 милијарди долари од основачите и сопствениците на компанијата . Сега компанијата се обидува да направи нови инвестиции, со цел да се опорави од големите флуктуации.

Иако некои компании го искористија моментот на зголемена вредност за да се позиционираат на пазарот – да речеме, да купат свои акции или нови инвестиции – повеќето добија стотици милиони, па дури и милијарди преку ноќ, за да изгубат најголем дел од профитот преку ноќ.

Врз основа на ваквите трендови на пазарот, се добива впечаток дека корона-економијата е еден вид балон и дека зголемената побарувачка во повеќето случаи нема да биде добра за компаниите кои прво мораа да развијат капацитет, а потоа да се справат со нагло опаѓање на побарувачката.

Вистински победници ќе бидат најверојатно производителите на вакцини, кои најдоа нови методи на производство среде пандемијата, што ќе биде корисно и по оваа криза. Кризата е добра можност за брза заработка и ризични потези, но само трајната вредност на пазарот може да обезбеди стабилност и да ја заштити компанијата од вакви проблеми.

Поврзани вести

Huawei ги чисти своите редови од американски шпиони

msp-admin

Студија: Сивата економија како начин на живот во Југоисточна Европа

Влатко Зорба

Lenovo ја зацврсти водечката позиција на глобалниот пазар на компјутери

Влатко Зорба