СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тензиите меѓу Кина и САД доведе до пад на цените на нафтата на 35 долари

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари на 35 американски долари, како резултат на зголемените тензии меѓу САД и Кина и сомнежите за претстојното закрепнување на побарувачката по кризата, предизвикана од пандемијата од коронавирус.

На лондонскиот пазар цената на барел беше минус 1,03 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 35,03 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 96 центи помалку, од 32,96 долари.

Кина се подготвува да донесе нови закони за национална безбедност во Хонг Конг, на кои со предупредување одговори американскиот претседател Доналд Трамп.

Поради сериозните последици од пандемијата, Пекинг не ја објави планираната стапка на економски раст оваа година, за прв пат откако ја воведе оваа практика.

„Инвеститорите мора уште еднаш да маневрираат низ сè пожестоката вербална војна меѓу САД и Кина“, забележува Стивен Бренок од консултантската фирма PVM.

„Притоа, коронавирусот промени една деценија на растечка глобална побарувачка за нафта и заздравувањето ќе биде бавно“, потсетува Бренок.

Поврзани вести

Ангеловска: Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 15 милиони евра.

msp-admin

App Store со бруто приход од 64 милијарди долари за 2020 година

Влатко Зорба

ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот заради намалување на штетите од кризата

msp-admin