СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Tesla отвора голема фабрика во Европа

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, официјално објави дека неговата компанија за електрични возила планира да изгради голем погон и центар за инженерски дејности и дизајн во Берлин, пренесува CNBC.

Ова ќе биде четврт ваков објект на Tesla. Првата гигафабрика е изградена во Невада, а втората, која произведува опрема за полнење на електрично возило и друга електроника, е во Бафало, Њујорк. Компанијата планира еден ден да произведува соларни панели брендирани со Tesla. Планирана е и трета фабрика за автомобили во Шангај.

„Секако дека сите знаат дека германските инженери се неверојатни. Ова е дел од причината зошто во Германија да имаме Gigafactory Europe. Ние, исто така, ќе создадеме центар за инженерство и дизајн во Берлин, бидејќи Берлин има една од најдобрите уметности во светот“. На прашањето за повеќе детали, инвеститорот објасни дека фабриката ќе се наоѓа во близина до новиот аеродром во реонот на Берлин.

Маск ја објави веста за време на церемонијата на доделување награди во Германија. Тој ја доби наградата „Das Goldene Lenkrad” од „Билд“, весник во сопственост на „Алекс Спрингер“.

Со години, Маск зборува за целта на Tesla да гради европски погон. Во 2016 година, откако ја стекна германската фирма Grohmann Engineering, извршниот директор посочи дека европската фабрика на неговата компанија ќе биде во Германија.

Приходите на Tesla за третиот квартал се намалија. Но, оние во европските земји забележаа раст во првите три квартали од 2019 година, и покрај забавувањето на целиот нов пазар на автомобили во регионот.

Изградбата на фабриката во Европа ќе и овозможи на Tesla да ја избегне комплексноста на извоз на автомобили од Соединетите држави на Стариот континент и ќе помогне да се надмине неизвесноста околу трговската војна и давачките.

Поврзани вести

Деловната активност во еврозоната на двомесечен минимум

Влатко Зорба

Xiaomi се најде на црната листа поради награда на Леи Џун

Влатко Зорба

World Gold Council очекува раст на побарувачката за злато

Влатко Зорба