СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во пензија скоро 27 години – Во овие држави најдолго траат пензионерските денови

Најновите расположливи податоци на (Organisation for Economic Co-operation and Development) Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека најмногу време во пензија поминуваат Французите, пренесува „Бизнис Инфо“.

Во просек, француските пензионерки во пензија поминуваат 26,9 години, а пензионерите 22,7 години, што е најмногу меѓу земјите членки на ОЕЦД. Статистиката на ОЕЦД покажува дека поудобен пензионерски живот имаат пензионерките од југот, па така на Франција, со најдолго време поминато во пензија за жени, ѝ се приклучуваат: Шпанија со 26,6 години, Грција со 26,4 и Италија со 25,7 години.

Мажите во сите набљудувани држави имаат пократок пензионерски век од жените, па така мажите од Луксембург во просек поминуваат 22,3 години во пензија, а во Белгија 21,1 години.

За разлика од работниците од споменатите земји, оние од Кореја, Мексико или Чиле не можат да се надеваат на долготрајна пензија. Корејските пензионерки, на пример, имаат десет и пол години пократки пензионерски денови од нивните француски врснички, а само две, три години подолги денови за пензија можат да се надеваат пензионерките во Мексико и Чиле. Постојат слични разлики меѓу мажите. Мексиканските и корејските пензионери имаат пензионерски век помал од 13 години, а бројките не се многу подобри во Чиле, со просек од околу 14,7 години.

Поврзани вести

Baidu ќе произведува електрични автомобили

Влатко Зорба

Цената на „Брент“ достигна 70 долари за барел

msp-admin

Завршено! Stellantis – четврти во светот

Влатко Зорба