СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Xiaomi ги тужи Пентагон и Министерството за финансии на САД

Кинеската корпорација v ги тужи американскиот Пентагон и Министерството за финансии за ставање на компаниите на црната листа, наводно, поврзани со кинеската војска.

Кинескиот производител на паметни телефони покрена тужба пред судот во Вашингтон, тврдејќи дека ставање на црната листа на Xiaomi е „неуставна“ и побара да се поништи одлуката донесена во последните денови од администрацијата на Трамп.

Xiaomi во тужбата наведува дека компанијата ќе се соочи со тешки последици доколку остане на американската црна листа, пренесува „Блумберг“.

„Xiaomi не е во сопственост или под контрола на кинеската влада или војска, ниту на кој било субјект поврзан со кинеската воена индустрија“, се вели во соопштението на компанијата.

Како обвинети во тужбата се именувани министерот за одбрана Лојд Остин и министерката за финансии Џенет Јелен.

Кинеската Xiaomi, трет најголем продавач на паметни телефони, забележа раст на продажбата од 32 проценти во четвртиот квартал на 2020 година.

Поврзани вести

Кинески инвеститори размислуваат за изградба на рафинерија за нафта во Србија во вредност од 2,6 милијарди долари

Влатко Зорба

Инфраструктурниот план на Бајден го зголемува оптимизмот на Волстрит

Влатко Зорба

Како ќе изгледа пазарот на трудот по пандемијата?

Влатко Зорба