СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Железо од Макстил за уметнички скулптури – донација од материјали и апарати за студентите на Факултетот за ликовни уметности

Компанијата Макстил донира за Факултетот за ликовни уметности два апарати за обработка и материјал за изработка на скулптури. Аголна брусилка, апарат за заварување – инвертер и 1 тон старо железо е донацијата наменета за потребите на сегашните и идните студенти на студиската насока вајарство при изработката на скулптурите и изучувањето на скулпторските техники.

„Се надеваме дека денешната донација ќе помогне во создавање автентичен уметнички израз кај секој од студентите и со тоа ќе придонесеме за нивна натамошна професионална промоција и афирмација. Макстил како посветена општествено одговорна компанија го поддржува образовното и интелектуалното надградување на младите”, вели Иван Бановски, генерален директор на Макстил.

Студентите по вајарство на Факултетот за ликовни уметности се под менторство на познатиот скулптор и професор, Жарко Башевски. Едукативниот процес во овој уметнички израз подразбира употреба на железен материјал, но и специфични апарати за нивна обработка. За таа цел, Макстил со Факултетот за ликовни уметности има воспоставено континуирана соработка којашто дополнително се продлабочува со разни активности, како дел од исклучително важната корпоративна вредност на компанијата и значаен општествен придонес.

Поврзани вести

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5G во 2021 година

msp-admin

Најголем скок на кинескиот БДП за еден квартал од 1992 година

Влатко Зорба

Ангеловска: Мерката 14.500 по вработен веќе врати отпуштени работници на работа

msp-admin