СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин изгуби 8.000 долари за 15 минути

Одлуката на Тесла да сврти 1,5 милијарди долари од своите готовински залихи во Биткоин ја „истрела“ најстарата и најголема криптовалута нагоре за 20%, а за време на викендот достигна над 58.000 американски долари. После твитот на Маск дека „биткоинот и етериумот му се чинат скапи“, токените нагло паднаа, пишува „Блумберг“.

Биткоинот избриша над 16% и падна на нешто повеќе од 47.000 долари по твитот. За само 15 минути, криптовалутата изгуби 8.000 долари од вредност, а потоа започна да ги враќа загубите.

Се смета дека волатилноста за викендот е дело на малите трговци кои купуваат и продаваат од своите телефони. Затоа, можно е падот во понеделникот да доаѓа од институционални инвеститори кои тргуваат во текот на работниот ден.

Претходно денес, JPMorgan Chase & Co. предупреди на намалување на ликвидноста на биткоин и посочи дека е пониска од таа на индексот S&P 500 и златото, така што „дури и малите парични текови можат да имаат значително влијание врз цената“.

Поврзани вести

MicroStrategy купи Bitcoin за уште 15 милиони долари

Влатко Зорба

Царството на биткоин повторно вреди повеќе од трилион долари

Влатко Зорба

Биткоин вчера ја помина магичната граница, денеска повторно запиша пад

Влатко Зорба