СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Директор на „Голдман сакс“ заработил милиони инвестирајќи во „доџкоин“, па ја напуштил банката

Генералниот директор на американскиот банкарски гигант „Голдман Сакс“ ја напуштил инвестициската банка откако наводно заработил милиони инвестирајќи во криптовалутата „доџкоин“.

Портпарол на Голдман Сакс потврди дека Азиз Мекмахон, генерален директор и шеф на продажба на нови пазари со седиште во Лондон, ја напуштил инвестициската банка во која работи 14 години.

Сепак, портпарол за „MarketWatch“ изјави дека не е запознат за неговото инвестирање во споменатата криптовалута.

Наводно, Мекмахон заработувал пари инвестирајќи од неговата лична сметка и не бил вклучен во тргување со криптовалути за „Голдман Сакс“.

Се смета дека Мекмахон може да основа свој хеџ фонд.

Поврзани вести

Астрономски инвестиции на големите крипто-рудари

Влатко Зорба

Откажан договорот на VISA за Plaid

Влатко Зорба

Goldman Sachs влегува во пространството на криптовалутите

Влатко Зорба