СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

ЕЦБ доби повеќе од 8.000 одговори на консултациите за дигиталното евро

Европската централна банка доби повеќе од 8.000 одговори на своите консултации за создавање дигитално евро, електронска форма на пари од централната банка што ќе им биде достапна на сите граѓани и деловни субјекти.

Јавните консултации беа започнати на 12 октомври 2020 година по објавувањето на извештајот на Евросистемот за дигиталното евро.

Првичната анализа на необработените податоци покажува дека приватноста на плаќањето е рангирана највисоко меѓу потребните карактеристики на потенцијалното дигитално евро (41% од одговорите), проследено со безбедноста (17%) и паневропскиот дострел (10%).

– Голем број одговори на нашето истражување покажува голем интерес на европските граѓани и компании за обликување на визијата за дигиталното евро, рече Фабио Панета, член на Извршниот одбор на ЕЦБ и претседател на работната група за дигиталното евро.

– Мислењата на граѓаните, компаниите и сите засегнати страни се од најголемо значење за нас затоа што проценуваме кои случаи на употреба на дигиталното евро може најдобро да ги послужи, вели тој.

Работната група на Евросистемот, обединувајќи експерти од ЕЦБ и 19 Централни банки од еврозоната, идентификуваше можни сценарија за кои е потребно издавање на дигиталното евро. Тука се зголемена побарувачка за електронски плаќања во еврозоната, значителен пад на употребата на готовина како платежно средство, лансирање на глобални приватни платежни средства како што е „Dhiem“ на Facebook и широко прифаќање на дигиталните валути на централната банка издадени од други централни банки.

ЕЦБ вели дека ќе објави сеопфатна анализа на јавни консултации напролет, „што ќе послужи како важен инпут за Управниот совет на ЕЦБ при одлучувањето дали да започне проект за дигитално евро“.

Поврзани вести

Милијардер: Ќе се кандидирам за претседател на САД ако Bitcoin стане 1 милион долари

Влатко Зорба

Што ќе се случи со биткоинот во следната деценија?

Влатко Зорба

„Моментот на вистината“ за дигиталното евро пристигнува во април

Влатко Зорба