СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Етереум ја надмина границата од 3.000 долари

Етереум, втората најпопуларна криптовалута, продолжи да расте во изминатите 24 часа, а вечерва, околу 4 часот наутро, ја надмина границата од 3.000 американски долари.

Во моментов, според податоците на страницата „КоинМаркетКап“ со етереум се тргува по цена од 3.137 долари, што е зголемување за околу 8,4 проценти.

Според експертите, причината за стабилниот раст на оваа дигитална монета е белешката за инвеститорите објавена минатата недела од американската банка „Џеј Пи Морган“. Тие се обидоа да објаснат зошто втората најпопуларна криптовалута има подобри перформанси на пазарот во последните неколку недели од биткоинот. Постојат две причини за ова: подобрувања во ликвидноста и поголем сообраќај на јавната блокчејн мрежа Етереум.

Што се однесува до најпопуларната криптовалута, биткоинот, таа порасна за 3,21 процент во последните 24 часа. Биткоинот во моментов тргува со 58.801 долари и се чини дека полека се опоравува од стрмниот пад кон крајот на април кога падна под 50.000 американски долари.

Поврзани вести

Google Pay и Samsung Pay ќе прифатат плаќања со Bitcoin

Влатко Зорба

Вртоглавиот скок на Биткоин продолжува, се појавуваат нови големи купувачи

Влатко Зорба

Twitter откри детали за својата услуга Super Follows

Влатко Зорба