Цената на биткоинот повторно е во плус, па околу 13 часот се тргуваше со најпопуларната криптовалута по цена повисока од 59.000 долари.
Тековната вредност на биткоинот е 58.619 долари, што значи дека во изминатите 24 часа цената на дигиталната паричка скокна за еден процент.
Во текот на вчерашниот ден, биткоинот се движеше помеѓу 56.000 и скоро 60.000 долари, што го приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.
Пазарната капитализација на најстарата криптовалута е сè уште над трилион долари, а вредноста на биткоинот во моментов е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари, како и трите најголеми светски банки .
Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалута.
Имено, „Морган Стенли“ стана првата голема банка во САД што им понуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин.