СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Grayscale се насочува кон Chainlink, Cardano, Polkadot…

Во неодамнешното соопштение за печатот, Grayscale официјално објави дека го следи создавањето на нови крипто-фондови базирани на Chainlink, Yearn.Finance, Cardano и други големи алткоини.

Најголемиот хеџ фонд за Биткоин – Grayscale Investments, потврди дека размислува да го диверзифицира своето портфолио со нови производи.

Новите крипто-фондови, за кои размислува, ќе се заснова на следниве алткоини: Chainlink, ADA, DOT, XMR, Yearn.Finance, EOS, Filecoin, BAT, SushiSwap, UniSwap и други.

Извршниот директор на компанијата, Мајкл Соненштајн, рече дека ниту една од монетите на списокот веројатно нема да стане основа за некој производ.

Grayscale веќе има Digital Large Cap фонд, кој се состои од Bitcoin, Ethereum, Lightcoin и Bitcoin Cash.

Од 4 јануари, XRP е исклучен од DLC поради тужба поднесена од SEC против најголемиот сопственик на паричката: Ripple Labs.

На почетокот на оваа година, Grayscale најави лансирање на нови крипто-фондови базирани на Yearn.Finance и други токени.

Поврзани вести

SushiSwap достигна пазарна капитализација од една милијарда долари

Влатко Зорба

Гејтс го „сруши“ биткоинот?

Влатко Зорба

Пауел: Криптовалутите остануваат нестабилни чувари на средства

Влатко Зорба