СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Њујорк ќе биде следниот Bitcoin центар?

Ендру Јанг, миленик на Демократската партија во трката за следниот градоначалник на Њујорк, рече дека ќе го претвори Њујорк во „центар за Биткоин и други криптовалути“, истакнувајќи дека градот е „светска финансиска престолнина“.

Поранешниот претседателски кандидат порача на Твитер порано денес, предизвикувајќи бран различни реакции, откако едни го нарекоа лукав политички маневар, а други го поистоветуваа со политичко самоубиство.

Сепак, најобединувачката реакција беше барањето на Јанг да ги искористи своите овластувања, доколку биде избран, да го прекине BitLicense, воведено од Њујоршкиот оддел за финансиски услуги.

Мелтам Демирос, ЦСО на компанијата за управување со дигитални средства CoinShares, посочи дека Јанг ќе мора да се справи со високи државни даноци и BitLicense, за да го спроведе својот план.

Во неодамнешното интервју за „Форбс“, градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез разговараше за можноста за плаќање на вработените во Градот со Биткоин за да го поттикнеусвојувањето на криптовалутата во областа. Јанг всушност постави слична идеја во интервјуто во септември 2019 година, опишувајќи ги придобивките од издадената од владата, дигитално базарина „социјална валута“ , која може да се разменува 1-1 со американскиот долар.

За разлика од повеќето негови политички врсници, Јанг изрази поддршка за Биткоин неколку пати во последните две години кога беше во мејнстрим медиумите. Неговите отворени верувања ја добија титулата „Најдобар претседател за Bitcoin“ од некои во крипто-заедницата.

Њујорк има бурна врска со кралот на крипто-средствата. Воведувањето на BitLicense во 2015 година првично се сметаше за катастрофа што потенцијално ги попречува иновациите во финтек со наметнување прекумерни ограничувања на употребата на криптовалути.

До 2020 година, резултатите од регулативата се исплатија, донесувајќи јасност на BitLicense, што им овозможи на корпоративните гиганти како PayPal, Gemini и Coinbase да ги привлечат длабоките џебови на Вол Стрит.

Во 2019 година, за време на неговата предизборна кампања, Јанг тврдеше дека на Конгресот му недостасуваат основните знаења потребни за да се воведе ефикасно законодавство за крипто-средства и дека земјите, кои се пред САД во регулативите, ќе ги „диктираат“ правилата, „што ќе треба да ги следиме, откако ќе треба да ги стигнеме“.

Јанг, наводно, бил во потесниот избор на потенцијални номинирани за функцијата министер за трговија на администрацијата на Бајден. Јанг доби само 0,45% од гласовите на претседателските избори во Демократската партија во 2020 година, Јанг се откажа од трката на 11 февруари 2020 година, поддржувајќи го Бајден следниот месец. Во јануари тој објави дека се кандидира за градоначалник на Њујорк.

Поврзани вести

Биткоин остава зад себе еколошки пустош

BofA: Поскапувањето на Bitcoin може да биде „мајка на сите балони“

Влатко Зорба

Акциите на Tesla ќе се тргуваат на крипто-берзата Binance

Влатко Зорба