СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Огромен чекор на „Морган Стенли“ во насока на биткоинот

„Морган Стенли“ е првата голема американска банка која на своите клиенти за управување со богатството им нуди пристап до биткоин фондовите, дознава CNBC.

Инвестициската банка, гигант во управување со богатство со имот на своите клиенти вреден 4 трилиони долари, во средата објави во интерен меморандум дека ќе иницира пристап до три фондови кои обезбедуваат сопственост на биткоини, изјавија добро известени извори за CNBC.

Оваа одлука, значаен чекор за прифаќање на биткоинот како категорија на инвестиции, ја донесе „Морган Стенли“ откако клиентите побараа изложеност на криптовалути. Силниот раст на биткоинот во текот на изминатата година ги стави компаниите на Волстрит под притисок да размислат да се приклучат на нова класа на средства.

Но, барем засега, банката им дозволува пристап на своите побогати клиенти до овој вид на средства: банката смета дека е соодветна за луѓе со „агресивна толеранција на ризик“ кои имаат најмалку 2 милиони американски долари средства во сопственост на компанијата.

На инвестициските фирми им требаат најмалку 5 милиони долари за да се квалификуваат за нови удели. Во двата случаи, сметките мора да бидат стари најмалку шест месеци.

Дури и за оние акредитирани инвеститори во САД со брокерски сметки и доволно средства да се квалификуваат, „Морган Стенли“ ги ограничува инвестициите во биткоин до максимум 2,5% од вкупната нето-вредност.

Двата понудени фонда се во сопственост на „Галакси Дигитал“, крипто компанија основана од Мајк Новограц, додека третиот е заеднички напор на менаџерот на средства „FS Investments“ и биткоин компанијата „NYDIG“.

Galaxy Bitcoin Fund LP и FS NYDIG Select Fund имаат минимална инвестиција од 25.000 долари, додека Galaxy Institutional Bitcoin Fund LP има вложувачки минимум од 5 милиони долари.

Клиентите веројатно ќе можат да инвестираат веќе следниот месец, откако финансиските советници на банката ќе завршат курсеви за обука поврзани со новата понуда.

Секторите за управување со богатството на „Голдман Сакс“, „Џеј Пи Морган Чејс“ и „Банка на Америка“ во моментов не им дозволуваат на нивните советници да нудат директни инвестиции во биткоин.

На почетокот на овој месец, „Џеј Пи Морган Чејс“ поднесе документи во врска со нова инвестиција во долгови поврзани со корпа со акции со крипто изложеност, како што е МајкроСтратеџи, софтверска компанија што држи биткоин на својот биланс на состојба и компанијата за плаќање „Сквер“.

Поврзани вести

Ripple ангажираат директор од Amazon

Влатко Зорба

Зошто Bitcoin оствари огромна заработка?

Влатко Зорба

НОВ РЕКОРД: Етереум надмина 3.400 долари!