СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Питер Шиф зборува повеќе за Биткоин, отколку за златото

Питер Шиф, кој поради неговите ставови за Биткоин се смета за еден од најголемите инфлуенсери во криптосферата (едноставно затоа што толку многу коментатори се собираат под неговите ставови), во последната недела пишува повеќе за Биткоин, отколку за неговиот омилен благороден метал – златото

Шиф, кој се радува на корекцијата на Биткоин, изјави вчера попладне дека „Џим Булард од ФЕД изјавил дека Биткоин не претставува закана за американскиот долар или неговиот статус како главна резервна валута“.

– Тој е во право. Најголемата закана за статусот на резервната валута на доларот доаѓа од самиот ФЕД. Главниот ривал на доларот и неговиот престолонаследник е златото, смета Шиф.

За најголемиот еднодневен пад во историјата на криптовалутата, тој сподели: „Наместо да ставаат ласерски зраци на нивните очи, членовите на култот Биткоин мораа да продадат дел од нивниот БТК. Додека сите беа фокусирани на цената од 100.000 американски долари за БТК, сега е поблиску до нула отколку до таа цел“.

Минатата недела, Шиф ги критикуваше Федералните резерви за печатење пари за поддршка на администрацијата на Џо Бајден додека се подготвуваше за нова „серија“ на помош во САД.

Што се однесува до Биткоин, тој пред два дена рече дека е неизвесно дали долгорочните сопственици (holders) ќе сакаат да продаваат под сегашните услови на пазарот.

„Ако навистина требаше да купам малку Биткоин, како би знаел кога да продадам? Ако вашиот одговор е никогаш да не продавате, тогаш што е поентата да купувате?“

„Не можам да го тргувам затоа што трговците не го земаат. Прво мора да го продадам, или јас или преку посредник како „Битпеј“. Но, јас не зборувам за мали количини. Кога да продавам, за да земам профит или да ги намалам моите загуби?“

Многумина коментатори оттогаш почнаа да се прашуваат дали самиот Шиф е всушност т.н. „холдер“. Познатиот технички аналитичар Скот Мелкер, кој оди на Твитер под псевдонимот „The Wolf of All Streets“, рече дека ако Шиф навистина купи Биткоин, ова може да се толкува како врв на пазарот.

Подкастерот Питер МекКормак, исто така, се пошегува на оваа тема. Тој пресмета дека Шиф сега зборувал повеќе за Биткоин отколку за златото.

„Во последните 7 дена, Питер Шиф твитна за Биткоин 56 пати, во просек 8 пати на ден, споменувајќи го златото само 34 пати, помалку од 5 пати на ден“.

Се разбира, со пониската цена на златото оваа година, додека Биткоин забележува параболен пораст, ова можеби не е изненадувачки.

Поврзани вести

Binance Coin експлодира на над 270 американски долари

Влатко Зорба

Binance Coin е сè поблизу да го надмине Ethereum

Влатко Зорба

Помалку познати криптовалути кои треба да се следат во 2021 година

Влатко Зорба