20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Првиот Bitcoin ETF одобрен во Канада

Фонд за берзанско тргување со Bitcoin за инвестициската компанија Accelerate Financial е одобрен во Канада.

Ова го прави првиот официјално одобрен Bitcoin ETF (Exchange Traded Fund – Фонд за берзанско тргување) во Северна Америка откако Комисијата за хартии од вредност во Онтарио даде зелено светло за институционалниот производ.

Документот беше одобрен во четврток, 11 февруари и ги опфаќа следниве територии; Британска Колумбија, Алберта, Саскачеван, Манитоба, Квебек, Њу Бранзвик, Нова Шкотска, островот Принц Едвард, Њуфаундленд и Лабрадор, северозападните територии, Јукон и Нунавут.

Accelerate Financial Technologies добија прелиминарна потврда за проспект со канадските регулатори за хартии од вредност за Accelerate Bitcoin ETF (ABTC) на 2-ри февруари.

Оттаму велат дека фондот ќе понуди единици деноминирани во американски и канадски долари со 0,7% такса за управување, додавајќи дека тие аплицирале за да се наведат ABTC единиците на берзата во Торонто.

Во тоа време, основачот и извршен директор на „Accelerate“, Џулијан Климочко, изјави: „BTC е една од класите на добра со најдобри перформанси на 1-годишна, 3-годишна, 5-годишна и 10-годишна основа, како апсолутно, така и прилагодени на ризик. Со оглед на историското искуство и идниот потенцијал на Bitcoin, заедно со неговите својства за диверзификација на портфолиото, со нетрпение очекуваме да им понудиме на инвеститорите изложба на класа средства во лесен за употреба и ефтин ETF“.

Компанијата нуди низа други слични производи, вклучувајќи го неодамна лансираното алтернативно портфолио на OneChoice ETF, првиот фонд во земјата што обезбеди изложеност на различни алтернативни класи на средства и стратегии за инвестиции, вклучувајќи Bitcoin, злато, арбитража и приватен кредит.

Во средината на јануари, канадскиот инвестициски фонд Arxnovum исто така поднесе проспект за Bitcoin ETF до Комисијата за хартии од вредност во Онтарио.

Поврзани вести

Шефот на „Кракен“: Биткоин може да достигне цена од милион долари и повеќе

Влатко Зорба

Биткоин сега вреди 48.000 долари: Дали е Маск е виновен за тоа?

Влатко Зорба

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба