СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Регулативата е проблем: Тажно гледаат како губат пари

Комисијата за берза и хартии од вредност (SEC) сè уште не ги признава криптовалутите како хартии од вредност, како што се акции и обврзници.

Американските финансиери со нескриено жалење гледаат на неодамнешниот пораст на вредноста на биткоинот, со оглед на тоа што сегашните регулативи ги спречуваат значително да се изложат на крипто-средства.

Според Ројтерс, силната нестабилност на цената на најпопуларната дигитална валута од почетокот на оваа година не го намали ентузијазмот на инвеститорот Џим Полсен кон тој вид имот.

Сепак, овој извршен директор на Leuthold групацијата, кој управува со една милијарда долари средства, поради регулаторните одредби, не смее да чува биткоин во своето портфолио.

Независна корелација

Затоа, тој може да набљудува само како вредноста на биткоинот скока 900 проценти од март минатата година. „Она што ми се допаѓа во врска со биткоинот е дека неговата корелација со акциите и другите класи на средства е исклучително независна“, вели Полсен.

Токму фактот дека има средства кои се однесуваат поинаку од акциите и обврзниците сè повеќе ги „скокоткаат“ менаџерите на фондовите. Добар дел од нив сметаат дека криптовалутата е добар штит против инфлацијата, пренесе „Пословни дневник“.

Скоро 20 проценти од финансиските советници препорачуваат инвестирање во криптовалути оваа година поради загриженост за зголемувањето на инфлацијата. За споредба, 6,3 проценти од советниците препорачаа таков потег минатата година, покажуваат податоците на „Ситибанк“.

„БлекРок“, најголемата компанија за управување со инвестициски фондови во светот, на 21 јануари објави дека додала фјучерсни договори на биткоинот како подобни инвестиции за дел од нејзините средства. Финансиските експерти сметаат дека овој потег на наскоро ќе го следат поинституционални инвеститори.

SEC сè уште без став

Сепак, американскиот финансиски регулатор, Комисијата за акции и хартии од вредност (SEC), сè уште не ги признава криптовалутите како хартии од вредност, како што се акции или обврзници. Роберт Џенкинс, директор за истражување во „Refinitiv Lipper“, додава дека SEC сè уште нема заземено став дали заедничките фондови можат директно да држат криптовалути.

Затоа, нема веродостојни податоци за вистинската изложеност на средства на криптовалути, бидејќи тие не се обврзани да ги објавуваат, додава Џенкинс. Во САД, од 2013 година, осум инвестициски фирми безуспешно се обидоа да формираат фонд со чии акции се тргува на берза (ЕТФ) врзани за биткоин.

Од друга страна, канадскиот финансиски регулатор го одобри првиот биткоин ЕТФ во светот на 12 февруари, така што некои инвеститори веруваат дека американскиот SEC наскоро ќе го следи тој потег. До 1 март годинава, фондовите за криптовалути забележаа прилив од 4,2 милијарди долари капитал.

Поврзани вести

Дали ова ќе биде најуспешниот месец за Биткоин?

Влатко Зорба

Биткоин вчера ја помина магичната граница, денеска повторно запиша пад

Влатко Зорба

68% од понудата на DOGE се дистрибуира меѓу китовите

Влатко Зорба