СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Ripple и Coinbase префрлија 76,7 милиони XRP

Финтек компанијата Ripple и најголемата крипто-берза во САД, Coinbase, префрлија 76,7 милиони XRP, според податоците споделени од крипто-тракерот Whale Alert.

Таа количина на криптовалута е околу 61.400 000 американски долари.

Ripple и Coinbase заедно префрлија 33,4 милиони долари во две трансакции, откако пеместиле 21,7 милиони XRP (од Ripple) и 49,6 милиони XRP (од Coinbase).

Ripple префрлуваше крипто меѓу своите портфолија, очигледно кеширајќи дел од 6.301.231.477 XRP што ги држи компанијата.

Сè уште има заклучено 48.100.000.033 монети во „ескро“ (правен концепт кој опишува финансиски инструмент според кој средство или пари се чуваат од трето лице во име на две други страни кои се во фаза на завршување на трансакција), со тоа што компанијата дистрибуира 45.589.527.373 XRP.

Ripple и Coinbase неодамна беа тужени од Комисијата за хартии од вредност на САД за продажба на наводно нерегистрирани хартии од вредност.

Набргу потоа, многу крипто-берзи престанаа да тргуваат со XRP, вклучително и Coinbase.

На 4 февруари криптовалутата со четврта најголема пазарна капитализација порасна за приближно 10 проценти – од 0,37 до 0,46 долари.

За време на пишувањето, XRP се тргува со 0,435077 долари.

Поврзани вести

THETA на Theta Network влезе во топ 10 криптовалути според пазарната капитализација

Влатко Зорба

За прв пат во последните 14 недели, биткоин падна под 40.000 долари

Продолжува опоравувањето на пазарот на криптовалути, биткоин повторно над 40.000 долари