Robinhood го ограничи тргувањето со криптовалути во петокот, бидејќи цените на Bitcoin и Dogecoin нагло скокнаа.
Потрошувачите почнаа да известуваат дека апликацијата за тргување запре инстант депозити за набавки на крипто-средства порано во текот на денот, што значи дека тие можат да купуваат валути само со средства веќе депонирани на нивните сметки. Расчистувањето на ваквите депозити може да трае до пет работни дена, соопштија од Robinhood.
„Поради екстремните услови на пазарот, ние привремено го исклучивме моменталното купување на крипто-седства“, посочи портпаролот на Robinhood во соопштението за јавноста
„Клиентите сè уште можат да користат исплатени средства за купување на крипто. Ние ќе продолжиме да ги следиме условите на пазарот и ќе комуницираме со нашите клиенти.“
Инвестициската платформа беше предмет на многу потсмев и напади на Twitter од страна на клиентите во четвртокот, откако ги спречи да купуваат акции на GameStop и други популарни кај трговците на мало.
Ваквите акции беа подложени на нестабилни флуктуации на цените оваа недела поради бранот инвеститори инспирирани од Reddit WallStreetBets.
Потегот на Robinhood да го заузда тргувањето со крипто-средства доаѓа по порастот на Dogecoin, што ја турна паричката 800% во петокот.