Стандард
КРИПТОВАЛУТИ

Robinhood го ограничува тргувањето со крипто-средства „поради екстремни услови на пазарот“

Robinhood го ограничи тргувањето со криптовалути во петокот, бидејќи цените на Bitcoin и Dogecoin нагло скокнаа.

Потрошувачите почнаа да известуваат дека апликацијата за тргување запре инстант депозити за набавки на крипто-средства порано во текот на денот, што значи дека тие можат да купуваат валути само со средства веќе депонирани на нивните сметки. Расчистувањето на ваквите депозити може да трае до пет работни дена, соопштија од Robinhood.

„Поради екстремните услови на пазарот, ние привремено го исклучивме моменталното купување на крипто-седства“, посочи портпаролот на Robinhood во соопштението за јавноста

„Клиентите сè уште можат да користат исплатени средства за купување на крипто. Ние ќе продолжиме да ги следиме условите на пазарот и ќе комуницираме со нашите клиенти.“

Инвестициската платформа беше предмет на многу потсмев и напади на Twitter од страна на клиентите во четвртокот, откако ги спречи да купуваат акции на GameStop и други популарни кај трговците на мало.

Ваквите акции беа подложени на нестабилни флуктуации на цените оваа недела поради бранот инвеститори инспирирани од Reddit WallStreetBets.

Потегот на Robinhood да го заузда тргувањето со крипто-средства доаѓа по порастот на Dogecoin, што ја турна паричката 800% во петокот.

Поврзани вести

GCash собира над 175 милиони долари нов капитал

Влатко Зорба

Guggenheim ќе купи 500 милиони долари во BTC преку Grayscale

Влатко Зорба

Компанија за „копање“ Bitcoin со пазарна вредност од над милијарда долари

Влатко Зорба