СТАНДАРД life
МК Сцена

Бајага го одложи концертот во Скопје

Момчило Бајагиќ – Бајага и Авалон-Продукција го одложија концертот во Скопје, поради грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

„Оваа недела нека биде недела на тишината. Во моментов сите ние oд “Авалон“, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на Бајага & Инструктори чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија.

Се одлучивме да го презакажеме концертот за нов датум….

На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини и на тоа не натераа: почитта кон двајцата насилно починати, сочувството кон нивните семејства и најблиски, но пред се, тагата која во моментов ја чувствуваме, a e така видлива кај сите нас кои живееме во оваа држава.

Веруваме дека сите се разбираме…..

А, дека нема сомнеж дека тоа е така, зборува фактот што сево ова први го сфатија и прифатија Бајага и неговите колеги од бендот- известија од продукцијата“.

Поврзани вести

„Домаќинство за почетници“ македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

Urednik

Големиот настан на Exit во Македонија со светски и регионални ѕвезди воодушеви повеќе од 20.000 фанови

Urednik

Манчевски: Со „Кајмак“ го омрсивме Сараево

Urednik