Иако за вас можеби привлекувањето на мажи не е проблем, сепак на крајот секој ве остава. Ова навистина може да ве повреди, бидејќи и тоа е некој вид на одбивање, а кој сака да биде одбиен?
На сите им е добро познато тоа дека не можат да ги привлечат сите мажи, но истовремено, сите потајно сакаме да се увериме дека не правиме нешто за да бидеме одбиени.
Затоа погледнете ги знаците во продолжение, кои укажуваат дека токму тоа го правите:
Ја преземате неговата улога
Живееме во општество во кое жените навистина ја променија својата традиционална улога. Тоа е одлично, но резултатот од тоа е дека сè поголем број мажи, се чувствуваат помалку „мажествено“. Меѓутоа, мажите секогаш ќе имаат различни улоги во светот, а и во односите, а кога ќе се обидете да ја преземете таа улога, на односот му се гледа крајот.
Вие сте ваш „најголем непријател“
Дали тоа е траума од детството или од претходна врска е сосема неважно, бидејќи не можете да очекувате од некој да остане покрај вас, доколку вие сами себе се саботирате. Добриот човек нема да ве остави без причина. Иако тешко е да си признаете дека понекогаш вие сте проблемот, важно е да научите да се соочите со тоа.
Вашите реакции ја запечатиле вашата судбина
Дали некогаш ви кажале дека сте несигурни, дека барате премногу и слични работи? Навистина е болно да ги слушнете овие зборови, воглавно затоа што најверојатно мислите дека не сте такви. Но, сите ние можеме да си дозволиме да нè надвладеат емоциите. Мажите често ги разбираат реакциите на жените. Дури и кога не мислите така, вашиот партнер веројатно ќе го промени мислењето за вас. Обидете се да ги контролирате своите реакции и размислете добро пред да кажете нешто. Добриот маж ќе биде подготвен да ве направи среќна, но не можете тоа да го очекувате доколку не му возвратите со иста мера.