СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Џенифер Лопез проговори за своите планови за брак и ги остави сите без зборови

Џенифер Лопез помина низ четири брака, но сите завршија со развод. Нејзиниот прв брак со Оџани Ноа брзо заврши поради непомирливи разлики и притисок од славата, а таа сè уште се опоравува од бракот со Бен Афлек. Тој последен развод особено ја потресе, а музичарката одлучи да посвети повеќе внимание на себе и на личниот раст.

Убавата музичарка сега е на турнеја, а токму на еден од концертите во Шпанија добила предлог за брак.

„Џеј Ло, омажи се за мене?“, пишуваше на еден од транспарентите во публиката, на што Лопез, за жал, одби.

„Мислам дека завршив со тоа. Пробав неколку пати“, рече музичарката, откривајќи со тоа дека повеќе нема намера да се мажи.

Сепак, до неодамна, медиумските рубрики беа исполнети со написи за романсата на убавата латино музичарка со Кевин Костнер, а денес не се знае каква е нивната врска.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Идрис Елба е главната ѕвезда на трејлерот за првата експанзија на Cyberpunk 2077

Urednik

Настасја Кински беше филмска ѕвезда од 80-тите: Еве како изгледа денес (ФОТО)

Radmila Tasevska

Тајсон отвори кафуле во Амстердам: „Отсекогаш сакав да бидам во бизнисот со канабис“

Urednik