10-годишната Норт Вест дебитираше во спотот за новата песна на нејзиниот татко наречена „Talking / Once Again“ со раперот Тај Дола Сајн, кој беше објавен во средата на 7-ми февруари.
Некои од стиховите кои ги отпеала Норт гласат вака: „Ми се допаѓа овде / ние ќе ја преземеме годината, уште една година / тоа е твојата најдобра пријателка, госпоѓица Вести / не обидувај се да ме тестираш / ќе стане незгодно / само благослови ме“.
На почетокот на видеото се појавува Норт која рапува додека други ѝ ја плетат косата. Во спотот е и нејзиниот татко Канје Вест, а можат да се видат кадри во кои Норт му шепоти на уво и раперот ја носи на раменици.
Ѕвезда на новиот спот
Освен што го објави видеото на Јутјуб, Канје го сподели и на својот Инстаграм профил. Објавата доби повеќе од 2,4 милиони лајкови.
View this post on Instagram
Песната е деби-сингл од новиот албум на Канје, „Vultures“, кој излегува во петок, 9-ти февруари. Покрај Тај, Канје соработувал и со Фреди Гибс, Крис Браун и Офсет.
Раперот со поранешната сопруга Ким Кардашијан, освен Норт, ги има и синовите Сент (8), Псалм (4) и ќерката Чикаго (6).