СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Двојно славење во домот на Марија Шерифовиќ: Нејзиниот син Марио денеска полни две години

Марија Шерифовиќ повторно има многу причини за славење. Денеска го слави вториот роденден на својот син Марио, а потоа најави уште добри вести. Пејачката закажа уште еден концерт следната година.

Марија ја сподели среќната вест на својот профил на Инстаграм. По повод роденденот на синот Марио, таа му се обрати со емотивни зборови.

– Денеска славиме заедно. Го славиме твојот живот и мојот втор роденден откако бев избрана да бидам токму јас твоја мајка. Меко мое русо момче, колку многу ни ги промени животите. Колку нас ти, таков мал, нѐ учиш на сѐ. Ти благодарам што дојде директно кај мене, за да ме научиш повторно да живеам – напишала Шерифовиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Освен тоа, Марија објави уште една добра вест што сите нејзини обожаватели ќе ја чекаат. Таа најави концерт во Сава Центар на 6 март.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


– На почетокот на годината се забавувавме магично и немав намера повторно да ја повторам таа лудост. Но, мојот мал принц ја одбра својата прва омилена песна и ми даде нова сила и енергија за да го направам овој март наше време за љубов.

Да потсетиме, Марија го доби својот син преку сурогат-мајка и во една прилика зборуваше за таткото на своето дете, како и за сурогат-мајчинството.

Поврзани вести

(Фото+видео) „Дојде на свадба како стриптизета и се опари со 2 милиони долари“: Џенифер Лопез пееше на венчавката на индиски милијардер

Urednik

Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат своето прво дете

Radmila Tasevska

🎥Мини Драјвер: Мет Дејмон ми раскина пред Оскарите и дојде со друга девојка

Urednik